Ќе се реконструираат 11-тина средни училишта во Скопје

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров, Петре Шилегов и Александар Наумоски денеска го означија почетокот на реконструкцијата на средното училише “Кочо Рацин” во Ѓорче Петров, кое ќе биде дел од 11-тината средни улилишта што ќе бидат зафатени со целосната реконструкцијата на фасади, дел од внатрешност и столарија.
Зафатот ќе се одвива во текот на летниот распуст, а целокупната вредност на реконструкцијата што во иднина ќе значи енергетски ефикасни објекти, изнесува 60 милиони денари, средства што се пренаменети од проектот “Скопје 2014”.
Воедно, со реконструкцијата од страна на Град Скопје во соработка со општините, училиштата ќе станат  достапни и за деца со посебни потреби.