Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 %

Денеска на 29-та седница, советниците ја изгласаа предлог-одлуката за утврдување на максималниот износ на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорот во детската градинка на ЈОУДГ „Росица” на територија на Општина Ѓорче Петров.

️Воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорот од петте клона на градинката Росица ќе добијат покачување на платите за 16%, а зголемените плати ќе ги добијат со јунската во текот на месец јули.

Покачувањето на платите на целокупниот персонал во градинките е во согласнот со измените и дополнувањата на Законот за заштита на деца и согласно одлуката на Владата од 18 јуни 2019 година, а во насока на подобрување на условите во детската заштита, унапредување на квалитетот на предучилишното образование и мотивирање на кадрите кои се грижат за децата во градинките.