Јавното осветлување во Ѓорче Петров пример за енергетска ефикаснот во земјава

Проектот за јавно осветлување во Ѓорче Петров станува успешен пример кој може да се примени во останатите општини.

Градоначалникот Александар Наумоски го презентираше проектот на тркалезната маса во организација на CeProSARD кој  беше поздравен од страна на присутните градоначалници, стручни лица и невладиниот сектор.

Наумоски истакна дека општината веќе дава поддршка и инвестира во проекти од енергетска ефикасност во објекти на јавниот сектор и згради за  колективното домување.