Јавен Повик за поддршка при формирање и работа на пензионерски клубови во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров започнува процес за формирање на три пензионерски клубови на наша територија. ,,Здружениото на пензионери” со голема радост ја прифати ваквата иницијатива и  ќе биде сериозен партнер во успешната реализација. За таа цел градоначалникот Александар Наумоски со претседателот на Здружението на пензионери потпишаа Меморандум за соработка во фукција на заштита и промоција на социјалните права и унапредување на положбата на пензионерите.

Ги повикуваме сите заинтересирани правни и физички лица кои ги исполнуваат критериумите за формирање на пензионерски клубови да се пријават на Јавниот повик. Во прилог се потребните документи и услови за апликација. Рокот за пријавување е до 03.03.2020 година.

Јавен повик

Апликација

Меморандум за соработка