Ѓорче Петров дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја‘‘

Еден час во мрак за спас на планетата Земја!
Општина Ѓорче Петров се приклуч кон глобалната акција „Часот на планетата Земја“ Earth Hour Macedonia
Во сабота, точно во 20:30, еден час општината го исклучи јавното осветлување во три училишта:
ООУ ,,Мирче Ацев”
ООУ ,,Ѓорче Петров”
OOУ ,,Димитар Поп Георгиев-Беровски”
Во мрак потонаа илјадници градови ширум светот предупредувајќи дека климатските промени се случуваат сега и тука, и само ние како поединци ја имаме моќта да го промениме тоа. Преку заштеди на електричната енергија ја чуваме природата и даваме свој придонес во битката против климатските промени.