Ѓорчепетровки во полн налет, футсалот станува се потрактивен спорт за девојчињата

Рамноправни и силни. Фудбалерките од ООУ ,,Тихомир Милошевски” се натпреваруваат на регионалното првенство за футсал,  на Град Скопје,  како дел од проектот на Федерација на училишни спортови.

Задоволство е да се видат овие талентирани ученички како играат, дриблаат , даваат голови. Футсалот е се повеќе атрактивен и за девојчињата од основните училишта во Ѓорче Петров.

Да им дадеме поддршка и да ги охрабриме идните генерации да бираат пред се спорт, а не машки и женски дисциплини!