Шаховски меѓуучилишен турнир

Воведувањето на шахот во училиштата воведе нов стандард и тежина на часовите по физичко воспитување и образование.  Драго ни е што интересот за оваа дисциплина е се поголем. Поддржуваме вештина со која се менува начинот на размислување, се развива логиката а со тоа и интелегенцијата. Како општина организиравме меѓуучилишен турнир во шах, каде учество земаа најдобрите ученици од 6-те основни училишта.

Натпреварите беа организирани во две категории 6/7 и 8/9-то одделение, вкупно 12 натпреварувачи. Се одиграа 5 кола секој со секого според Бергеров систем и време за игра од 5 минути со тајмер. Натпреварите поминаа во најдобар ред.

Освоени награди во категорија 6/7-мо одделение:

I место Никола Стевков од ООУ„Мирче Ацев“

II место Даниел Стаменов од ООУ„Јоаким Крчоски“

III место Марко Младеновиќ од ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“

 

Освоени награди во категорија 8/9-то одделение:

I место Димитар Томановски од ООУ„Страшо Пинџур“

II место Борјан Попоски од ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“

III место Лео Симчески од ООУ„Тихомир Милошевски

Решени сме да го вратиме достоинството на шахот во Македонија !