Чистење на дива депонија на кејот кај Вардар во населба Хром

Екипите на општинската комунална служба продолжуваат со чистење на дивите депонии кои се едни од најголемите загадувачи на животната средина.

Со сиот свој капацитет и ресурси се обидуваме да ја промениме грдата слика која се создава покрај кејот на Вардар. Денеска, подигнати се 2 камиони на  отпад или 10 кубни метри  претежно градежен смет од дивата депонија покрај Вардар во населбата Хром. Акцијата ќе продолжи и утре а за целосно отстранување на дивата депонија, општината ќе бара соодветна асистенција и механизација од јавните претпријатија на Град Скопје.

Депониите од кои се шири неподнослива реа и се извор и потенцијална закана од заразни болести ги создаваат самите граѓани. Апелираме на совесност,  граѓани да престанат со недоличното однесување и исфрлање на сметот во овие диви депониите и истиот да го одлагаат во поставените контејнери за таа намена.