Чистење и санирање на одводните и каналите за наводнување

Поради слабиот притисок на вода, а за потребите на замјоделците извршена е интервенција на Новоселскиот канал за наводнувње и санирање на дел од каналот во Стопански Двор каде имаше излевање на истиот.

Општинските екипи ја расчистуваа згуснатата вегетација, наталожената тиња, како и целиот отпад фрлен од несовесните граѓани на потегот од последна 22-ка долж коритото на Река Лепенец. Истовремено уреден и е зафатот од реката кон каналот.

Ова е дел од првата фаза на чистење на каналите со цел да им се помогне на земјоделците за полесно наводнување на земјоделските култури во сушниот период.

Во насока на заштита на функционалноста на каналите апелираме до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналската мрежа, укажуваме дека е забрането затрупување на отворените одводни канали, узурпирање на одводните канали како и поставување на објекти покрај каналите кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.