Црно-белата магија на Старата Дама се сели на теренот во Ѓорче Петров

Велат дека фудбалот е најважната споредна работа во светот. За некои е само игра на 22 кои  играчи трчаат по топката, но за многумина и за сите нас овде, најважната работа на светот веќе не е споредна!

На мое огромно задоволство, имам чест да го отворам ,,Јувентус Капм Македонија”.Црно-белата магија на Старата Дама се сели тука на теренот во Ѓорче Петров, вели градоначалникот Александар Наумоски кој го отвори кампот.

Во следните пет дена, нашaта општина  и стадионот „Македонски лавови“, ќе бидат домаќини на второто издание на Јувентус Камп Македонија а 100 деца ќе имаат привилегија да учат како се игра фудбал од светскиот гигант, рече Наумоски.

Учесниците на овој камп ќе бидат тренирани од дури четири експерти од Италија, а главниот збор ќе го има Леонарди Кароцо, кој од 2010 година е главен тренер во националната академија на Јувентус во Торино

Италијанската фудбалска машинерија која со години е на тронот во Серија А, одржува кампови во околу 40 земји во светот, а привлиегијата е наша што веќе втора година сме дел од мапата на на Јуве.

Искуството од минатата година покажа позитивни реакции и огромен интерес од страна на нашите млади фудбалери и спортски работници, како и големата посетеност на кампот.

Благодарение на македонскиот фан клуб на Јувентус,  овие деца имаат можност не само да учат туку и да го промовираат својот талент пред врвните стручњаци од Италија.

Двајцата најдобри на кампот ќе бидат наградени со бесплатно присуство на Јувентус светскиот куп во Торино, кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни и на кој ќе настапат преку 400 играчи од дваесет Јувентус академии од целиот свет.

Секогаш сум на страната на спортот и на градење млади и здрави индивидуи кои треба да се изборат да бидат дел од светската спортска сцена.

Наше е на младите таленти да им ги отвориме вратите кон светот, нивно е достојно да не претставуваат,  а гордоста е заедничка.

Се надевам дека овој заеднички труд ќе донесе спортски резултати.

Со спортски речник, да дадеме гол во гости и да бидеме во предност. Да ги препознаеме талентите и да вложиме во нив, рече градоначалникот Наумоски кој им посака среќа и успешна работа.