Целосно ќе се реконструира патот од с.Кучково до крстот

Градоначалникот Александар Наумоски изврши увид во градежните работи на патот од село Кучково до манастирот Св.Ѓоргија, и дел кон крстот, каде веќе е почната целосна реконструкција на постоечкиот пат, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација и значително ќе се придонесе во безбедноста на жителите на Ѓорче Петров, но и сите кои транзитираат по тој пат.
Станува збор за реконструкција на пат во должина од 2.130 метри и ширина од три метри. Ќе бидат поставени и нови банкини на двете страни од патот.
Средствата за овој проект за општински рурални инвестиции се обезбедени од ИПА гранд програма доделена на општината во вредност од 7 милиони и 300 илјади денари. Европската унија учествува со 75 проценти од средствата, додека останатите 25 отсто се од национално учество на Владата на Република Македонија.