Хуманитарен хепенинг за помош на Христина Митревска од ООУ “Ѓорче Петров”

Црвениот крст заедно со ООУ “Мирче Ацев” од Ѓорче Петров, поддржани од општината, во недела во Домот на култура од 19 часот организираат хуманитарна забава за помош на Христина Митревска од ООУ “Ѓорче Петров” која боледува од редок и тежок облик на заболување.
Христина е поканета во Вашингтон на бесплатна експериментална дијагностика со цел конечна дијагноза на нејзината состојба. За превозот и престојот во САД, потребни се 500.000 денари, а средствата треба да се соберат најдоцна до 31 март.
Општина Ѓорче Петров и помогна на Христина со парична помош. Истовремено, успешна акција за собирање парични средства спроведоа и училиштата и градинките од општината.
Да ја покажеме нашата хуманост и да и помогнеме на Христина да има безгрижна иднина, исполнета со многу насмевки и весели денови.