Фрлени дополнителни 4 тони сол

Во текот на денешиот ден општинските служби го довршија чистењето на голем дел од улиците низ општината кое стартуваше во текот на вчерашниот ден по обилните снежни врнежи. Фрлени се дополнителни 4 тони сол.

Вестите кои излегуваат од опозициските кругови дека улиците се непроодни и дека не е постапено од страна на општината по снежните врнежи се дезинформации и апсолутно неточни.

Заради поголема безбедност, повторно апелираме на прилагодување на брзините на движење и на користење зимска опрема за возилата.