Финишираше поставувањето пешачка патека во Стопански двор

Општина Ѓорче Петров го заврши поставувањето пешачка патека во Стопански двор, односно на почетокот на улица “52” кон патот за обиколница. Станува збор за патека која ја поставивме на барање на граѓаните, а не беше довршена при претходна изведба на самата улица.