Финишираме со асфалтирање на 20-те улици во Кисела Јабука.

До крајот на неделава соодветен пристап до домовите ќе им овозможиме на жителите од улиците 30, 32, 36 и 38. Механизацијата на ЈП ,,Македонија пат“ останува на терен по што ќе следи подготовка за асфалтирање на уште 3 улици во Кисела Јабука.

Проектот за реконструкција и рехабилитација на Министерството за транспорт и врски преку ЈП ,,Македонија пат”  опфаќа 33 улици кои треба инфраструктурно да се комплетираат.

-До крајот на градежната сезона очекувам да се асфалтираат и предвидените 13 во Волково. Остануваме посветени, заедно со централната власт  работиме на подобрување на условите за живот. Сите граѓани ни се на приоритетната листа, изјави градоначалникот Александар Наумоски при увидот на градежните работи во Кисела Јабука.