Финишираат градежните работи за проширување на патот кон Кучково

Во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбедивме средства за трајно решавање на деценискиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во Кучково, општина Ѓорче Петров.

За таа цел, го реконструираме патот – ширината на коловозот се зголеми и изнесува 6 метри, а безбедноста на пешаците се решава со изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 2 метри. На сообраќајницата, како и на кружниот тек кој ќе се гради во центарот на Волково се постави ново улично осветлување.

Активностите во ек на Ковид-19 во општина Ѓорче Петров беа редуцирани, но далеку од стопирани. Интересите на граѓаните, нивната безбедност и создавањето услови за подобар живот нам ни се најважни.