Фекална канализација на „Црногорска 2“

Општина Ѓорче Петров работи на поставување фекална канализација на „Црногорска 2“ во должина од околу 600 метри.

Жителите на оваа улица го поздравија поставувањето и воедно изразија големо задоволство и од новото улично осветлување-два големи проекти што се работат во тој дел на Ѓорче Петров.

И во ек на пандемија, службите на општината работат со интензивно темпо.