Училиштата подготвени за новата 2020/2021 учебна година

Основните училишта во Ѓорче Петров се подготвени за старт на новата учебна година која почнува од 1 октомври. Наставниот процес до 3-то одделение ќе се одвива со физичко присуство, додека учениците во другите одделенија наставата ќе ја следат он-лајн.

Општината обезбеди интернет за сите училишта. Во целост се почитуваат правилата и протоколите донесени од Владата и Министерството за образование и наука. За таа цел, набавени се хигиенски материјали, дезинфекциони средства, патокази и се што е потребно за непречено одвивање на наставниот процес.

Училниците и училишниот простор е соодветен на бројот на ученици кои ќе ја посетуваат наставата, а кадарот веќе се обучи за користење и примена на новата национална платформа.

Воедно, училиштата и наставниците ги подготвија и своите годишни планирања за работа за оваа учебна година.