Училиштата и градинките во Ѓорче Петров максимално ги почитуваат здравствените протоколи

Една недела од почеток на училишната година, наставно-образовниот процес во општина Ѓорче Петров се одвива непречено.

Оваа поинаква година ни наложува да се приспособиме кон новата реалност. Здравјето на учениците,  ни е на прво место.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска посети дел од училиштата и градининките при што се увери во добрата организираност и функционалност на установите. Наставата со физичко присуство е организирана по строги протоколи, а поголеми проблеми нема ниту со  online наставата.

Максимално се почитуваат здравствените протокли. Само со дисциплина можеме да го надминеме предизвикот ,,учење во време на Корона” и да имаме успешна учебна година, истакна Наумоски.

Истовремено, општината преку своите бизнис соработници прави напори да обезбеди таблет копмјутери за децата од социјално ранливите категории.

Во моментов, локалната самоуправа прави сондажа  на резултатите добиени од анкетните листови од  заинтересираните родители кои имаат деца до трето одделение а ќе се одлучат да посетуваат настава огрганизирана во дневен престој или целодневна настава.