Успешно завршена уште една школска година

Општина Ѓорче Петров на сите основци им ја честита успешно завршената школска година.

На полуматурантите нека им е со среќа во средношколските денови што следуваат. Покажавте дека сте генерација што остана на ниво на задачата во кризните денови што изминаа и успеа во целост да ја спроведе и реализира наставата по електронски пат, со голема поддршка од наставниците и директорите.

Минатата недела успешно и по сите протоколи за заштита од Ковид-19 во шесте основни училишта во Ѓорче Петров беше спроведен упис на првачиња за учебната 2020/2021 година.

Со среќа на сите и убав распуст!