Успешно завршена сертификација согласно стандардот ISO 9001:2015

Општина Ѓорче Петров успешно ја заврши сертификацијата, согласно стандардот ISO 9001:2015, кој како алатка за управување со квалитет ќе овозможи подобрување на нивото на услугите од администрацијата кон граѓаните.
Со ова, се продолжува традицијата на користење алатки за управување со квалитет во јавниот сектор.