Успешна акција за генерално чистење на општина Ѓорче Петров

Со полна пареа против несовесноста. Општинските комунални служби заедно со екипите на јавните претпријатија на Град Скопје во голема акција на чистење и уредување на јавните површини.

Генералката опфати чистење на диви депонии, миење и метење на улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување на ударни дупки на повеќе локации во општината.

Продолжуваме со работа но и ги засилуваме инспекциските контроли и казни до несовесните граѓани кои ќе продолжат да фрлаат ѓубре и да ја загадуваат околината.