Уреден кружниот тек во Хром

Службите на општина Ѓорче Петров целосно го реновираа и исчистија кружниот тек во Хром. Истовремено, интервенирано е за менување на урбаната опрема и за уредување на уште неколку локации низ Ѓорче Петров. Од општината апелираат да се чуваат од оштетување заштитните огради, клупите, корпите за отпадоци, фонтаните и зеленилото што подолго, бидејќи се за доброто на сите нас.