Повторно адаптирано за употреба детското игралиште во Дексион

Целосно нова урбана опрема е поставена неделава на детското игралиште позади амбулантата во Дексион, со што после долги години е обновен овој простор и повторно адаптиран за користење.

Продолжуваме со интервенциите на повеќе локации низ Ѓорче Петров, со цел да опфатиме што е можно повеќе места каде е неопходно да се санираат штети, но и да се постави целосно нова опрема.