УНДП со сертификат за советниците за успешно  завршените обуки кои беа предуслов за добивање на грант

Осветлени патеки до сите влезови и излези на училиштата и градинката. Проектот кој го доби Советот на општината, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC спроведуван од УНДП, добива своја завршница.

Денеска УНДП им ги врачи на советниците сертификатите за успешно завршените обуки кои беа предуслов за добивање на проектниот грант од 2.700 000 денари .

Целосна реализација се очекува кон крајот на февруари.

На денешната 50 седница на Советот беа усвоени следниве точки:

-Програма за работа на Советот на Општина Ѓорче Петров за 2021 година;

-Буџетски календар на Општина Ѓорче Петров за 2021 година;

-Одлука употреба на електронски комуниикациски средства при заседавање на советот и неговите постојани и повремени комисии и тела за време на вонредна и кризна состојба;

-Одлука за  долгорочно домашно задолжување на општина Ѓорче Петров во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2);

-Oдлука за одобрување кофинансирање на Проект  “Реконструкција на различни улици во урбаното општинско подрачје во општина Ѓорче Петров” во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);

-Oдлука за одобрување кофинансирање на Проект Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација-Кучково, општина Ѓорче Петров;

-Oдлука за давање согласност за започнување на ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на РЦУК-Карпош од сите ризици и опасности;

-Одлука за давање согласност на ЈОУДГ Росица за помал односно поголем број на деца во група.