Триесет и четврта седница на Советот

Предлог-одлуки за измени и дополнувања на програмите за работа за комунални дејности, образование, култура, социјална заштита, спорт и рекреација и за поддршка на невладин сектор, меѓудругото, вчера беа изгласани на седница на Советот на општина Ѓорче Петров.

Исто така, советниците дадоа „зелено светло“ и за вториот ребаланс на буџетот за годинава.

На самиот старт на седницата, советниците од опозицијата доставија предлог-мерки за аерозагадувањето и бараа за истите да се гласа. Но, за советниците од власта тоа беше неприфатливо, бидејќи, како што рекоа, претходно ниту ги добиле, ниту ги рззгледале мерките за да ги гласаат, и затоа, предложија претходни работни групи, или пак, комисија која ќе заседава по таа проблематика, па потоа да се гласа на Совет.  Тие не одбија дебата, ги изнесоа своите ставови, но како што истакнаа, не може да гласаат нешто што претходно не го прочитале.

Тоа, беше неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по што тие ја напуштија седницата.