Триесет и петта седница на Советот

Советот на општина Ѓорче Петров на 35-тата седница го верификуваше мандатот на новиот советник – Снежана Јованоска од редовите на СДСМ. Таа дојде на место на советничката Ребека Илкова.

На седницата воедно беа изгласани и извештаите за реализација на програмите за работа на секторите култура, спорт, социјала, НВО, образование, еднакви можности меѓу мажите и жените и заштита, спасување и кризи за периодот од 1 јануари до крајот на септември.