Триесет и деветта седница на Советот

Предлог-програма за работа на Советот за годинава, како и Предлог-буџетскиот календар на општината за 2020 година беа изгласани на 39-тата седница на Советот.

На седницата, меѓудругото, со мнозинство гласови помина и точката за Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2020 година, како и платите на  службениците во детската градинка „Росица“.