Трета година по ред бесплатни пакетчиња за првооделенците

Општина Ѓорче Петров и годинава на првооделенците од сите основни училишта им подели новогодишни пакетчиња.

Организирана беше и бесплатна театарска претстава на ДДС „Неверленд“ насловена „Писмо за Дедо Мраз“ за над 400 првачиња. Трета година по ред, наместо трошоци за новогодишни прослави и украсување, во пресрет на празниците, ги радуваме најмладите.