Темелно чистење на „Шарпланинска“

По четири децении, улицата „Шарпланинска“ добива целосно нов лик. Откако беше темелно исчистена од страна на општинската служба, заедно со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“, денеска се работеше на втората фаза-чистење со метларка и миење со цистерна.

Воедно, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистеа и одводните шахти на истата улица кои исто така, четири децении, не биле исчистени.

Општина Ѓорче Петров е во постојана координација со градските служби за темелно чистње на улиците.