Телеграми со сочувство по повод смртта на Бранко Трајчевски и Харалампие Анѓелковски

IN MEMORIAM

Како последица на Ковид-19, битката со вирсуот ја изгубија двајца жители на општина Ѓорче Петров, Брајко Трајчевски и Харалампие Анѓелковски, своевремено советници во Советот на Ѓорче Петров и истакнати личности во општествениот живот.

Почитувани членови на семејството Трајчевски,

Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за неочекуваната смрт на Вашиот сопруг, татко и дедо, мојот пријател и другар, БРАНЕ, Бранко Трајчевски.
Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но загубивме сите. Ѓорче загуби човек во вистинска смисла на зборот. Бране од Хром, од Ѓорче.
Нема зборови со кои можам да ги опишам заслугите на Бране. Професионалец и човекољубец. Од него учевме сите. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални вредности. Неговиот општествен придонес ќе остане врежан во срцата на сите сегашни и идни генерации.
Се надевам дека ќе најдете сила и утеха во значајноста на неговите дела и постапки полни со љубов, кои ги остави како патоказ за сите нас.
Спомените за него нема да избледат.
Почивај во мир мој пријателе.
Примете искрено сочуство,

Александар Наумоски
Градоначалник на општина Ѓорче Петров

Почитувани членови на семејството Анѓелковски,

Со жалење ја примив веста за смртта на Вашиот сопруг, татко и дедо, мој соработник во Советот на Ѓорче Петров, Харалампие Анѓелковски.
Иако не постојат зборови кои можат да ја надоместат загубата дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство.
Ѓорче Петров загуби голем професионалец и благороден човек. Отец Ламбе беше составен дел од животите на многумина ѓорчевци. Даваше благослов за нови љубови, нови животи, но и утеха во тажните моменти. Отец Ламбе ќе остане засекогаш дел од историјата на Ѓорче Петров. Својата одмереност, ненаметливост и внимателност ја споделуваше и пренесуваше на ѓорчевци како универзална човекова вредност.
Ѓорче Петров и ѓорчевци изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.
Отец Ламбе засекогаш ќе остане врежан во срцата на ѓорчевци.
Нека почива во мир. СЛАВА МУ!

Александар Наумоски
Градоначалник на општина Ѓорче Петров