Театарската претстава во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески „Класот Х“ на  Театар Пи ќе учествува во официјалната програма на Драмскиот фестивал ДАФ 2019 во Кочани

Претставата „Класот Х“ е селектирана за учество на Драмскиот театарски фестивал во Кочани. Претставата ќе се одржи на 29.05.2019 недела, од 12:00 во Кочани.

„Класот Х“  е една жестока претстава,  интензивна, вознемирувачка тема која ја открива сликата на нашата реалност во образованието, која ние не би сакале да ја видиме, но уметноста треба да биде гласот на оние кои глас немаат. Во овој случај, на младите, сиромашните луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности, чија изолација не е по нивна вина. Тие не се виновни што се турнати  на маргините на општеството, виновно е општеството, виновни се  училиштата,  медиумите, кои не се занимаваат со нивните проблеми. Ние решивме да им дадеме право на глас и да зборуваме во нивно име. Тука и сега.

Таа ја третира социјалата помеѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка смисла. Дава слика на еден општествен систем, акцентирајќи ги разкажувањата на ликовите и нивните судбини, нивните„предавања“ кои се одбранбен механизам против општествениот механизам. Влегува во сите пори на современото општество акцентирајќи го недостатокот на солидарност, емпатија, во кое општество секој е препуштен сам на себе.

А парата/материјалното станува единствена легитимна друштвена опсесија. ” Претставата всушност е револуција на денешните превирања. Ова е трета претстава на Театар Пи за оваа година. Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска. Играат : Аника Димиќ, Дарио Стојановски, Елена Павловска, Елена Тодорова, Јана Костовска, Јована Петковска, Марија Пачемска, Матеа Најдоска,Матеја Стојановска, Милена Цветковска, Мони Михајлоска,  Сара Гиразовска, Стефанија Ризова, Тамара Гаџоска, Ања Трајковска, Матеа Стојческа,  Марија Радовиќ, ученици од О.О.У. Јоаким Крчоски. Фотографијата и видеото се на Никола Ристовски.

http://teatarpi.info/