Тампонирање на локален пат Стопански Двор-село Свиларе

Патната инфраструктура е клучна за развој на земјоделството. Градержните работи за тампонирањето на локалниот пат од Стопански Двор кон село Свиларе во должина од 1300 метри каде што се одвиваат најголем дел од земјоделските активности е во завршна фаза. Патот се израмнува и проширува со што  земјоделците добиваат соодветен пристап со земјоделската механизација до своите ниви.

Општината ги обезбеди средствата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од околу 1 милион денари.

Општината посветено работи на обезбедување  соодветни услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и на патниот правец кој поврзува две локални самоуправи, Ѓорче Петров и Сарај.