Реконструкција на две улици во населба Даме Груев

Започна изведбата на две улици, лев крак на Антон Кецкаров во населбата Даме Груев. Најпрво ќе се поставува фекална канализација по што ќе следи поплочување на улиците со бехатон поплочки во должина од 200 метри. Околу 50 семејства ќе добијат соодветни услови за движење и сообраќање. Средствата за изведба на улиците општина Ѓорче Петров  ги одвои  од буџетот а градежните работи се очекува да завршат до крајот на месец октомври.