Стратегија за унапредување на состојбата на Ромите

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски оствари работна средба со Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.
-На средбата се разговараше за идните активности кои ќе ги реализираме се со цел да се унапреди состојбата на Ромите на територија на Ѓорче Петров – рече Наумоски по средбата.

Предвидено е и изготвување и усвојување на локален акционен план во соработка со Кабинетот на министерот.