Стартува примената на владиниот проект ,,Македонија без кал” во општина Ѓорче Петров

Министерството за транспорт и врски го објави првиот тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во општина Ѓорче Петров.

Улиците „Антон Кецкаров“ во Даме Груев, „Кузман Шапкарев“ во Дексион ќе се реконструираат (асфалтираат) со средства од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Тендерската постапка е во завршна фаза , се прават последните подговки за избор на најповолен изведувач.

Проектот „Македонија без кал“ градоначалниците на 80 општини и Град Скопје и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 2 март во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот, што треба да ја подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој.

Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе одобрен од  банката.

Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со Светска банка со вкупна вредност од 420 милиони евра.