Стартува изградбата на Кружниот тек во село Волково

Општината преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства за решавање на деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во овој дел на Ѓорче Петров. Се подобрува пристапот на околу 10 000 жители на село Волково, 500 на село Орман, 1200 на село Никиштане, 200 жители на село Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Со кружниот тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот а просторот ќе добие целосно нов и уреден лик.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Александар Наумоски  кој апелираше на трпение и сообраќајна култура додека се одвиваат градежните работи  за изведба на Кружниот тек, чија реализација треба да финишира за 90 дена.

Средствата (4.300 000 денари) се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кофинасирање на општината.

Паралелно се изведуваат и градежните работи за проширување на патот кон Кучково. Ширината на коловозот ќе се зголеми и ќе изнесува 6 метри а безбедноста на пешаците ќе се реши со изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 2 метри. На сообраќајницата како и на кружниот тек ќе се постави ново улично осветлување.