Стартува изградбата на комбинирано игралиште кај новиот комплекс згради-ДУП Спортски терени

Стартува изградбата на комбинирано игралиште кај новиот комплекс згради-ДУП Спортски терени. Станува збор за површина од 450 метри квадратни која ќе биде уредена со детски реквизити за забава, корпи за отпадоци, клупи, но и реквизити за вежбање.

Неодамна, вакво игралиште беше пуштено во употреба и во ООУ „Тихомир Милошевски“. Нашите заложби за подобри и безбедни услови за катчињата за најмладите продолжуваат да се реализираат.