Стартува изграбата на спортска сала во ООУ ,,Јоаким Крчовски”

Стартуваме ! Конечно, после 60 години, основното училиште ,,Јоаким Крчовски” во с.Волково ќе добие спортска сала. Соодветни услови за физичко образование , развој на спортскиот дух и рекреирање на 400-тина ученици.
Ги започнавме техничките подготовки за изградба на нова типска сала која ќе се простира на површина од 650 м2 и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика.
По прилагодување на теренот, Министерството за образование и наука кое е инвеститор на овој капитален проект, ќе ја започне изведбата која треба да финишира најдоцна за една година.
Со овој спортски објект ќе го подигнеме спортскиот дух во нашата општина која години наназад пишува историја на врвни спортисти.
Грижата за спортот продолжува!