Средба на градоначалникот Наумоски со глувите и наглуви лица

Градиме општина на еднакви можности. Како една од најинклузивните локални самоуправи градоначалникот Александар Наумоски оствари средба со глувите и наглуви лица на територија на општина Ѓорче Петров.

Покрај еднократната парична помош која општината им ја доделува на оваа категорија на лица, работиме кон нивна целосна интеграција во општеството. За наредната година обезбедивме буџет за отворање на 2 пензионерски домови чии простории за социјализација и дружба активно ќе може да ги користат  и глувите.

Да не ги заборавиме овие лица, да им посветиме секојдневно внимание, посочи Наумоски.