Средба на градоначалникот Александар Наумоски и Максим Димитриевски

Соработката помеѓу општините е клучна за локалниот развој.Градоначалникот Александар Наумоски оствари средба со својот колега од најголемата општина-Куманово, Максим Димитриевски на која разменија искуства во делот на Јавно-Приватно-Партнерство кое како модел е клучен инструмент за реализација на приоритетните инфраструктурни проекти.Наумоски и Димитриевски споделија и искуствата во делот на аплицирање на повици во рамките на прекуграничната програма за соработка со Република Србија.