Со воведување на еколошко гориво во училиштата ќе се намалува загадувањето во Општина Ѓорче Петров

Почнува менувањето на затоплувањто во основните училишта во Општина Ѓорче Петров. Со планот  за чист воздух на Владата на РМ за наредната година опфатени се 2 од вкупно 6 основни училишта на територија на општината. Ова го најавија заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и Градоначалникот Александар Наумоски при денешната посета на  О.О.У. Димитар Поп Герогиев-Беровски, кои информираа дека во првата фаза ќе биде опфатено  и О. О. У. Тихомир Милошевски, со кои се планира наредната година да го променат начинот на загревање. Наместо досегашното затоплување на нафта и дрва тоа да биде со еколошко гориво. Со ваквиот начин на загревање, училиштата се еден од најголемите загадувачи во општината. Само како пример, основното училиште во Ново Село за една созона троши 160 метри кубни дрва. Идната година тамошниот котел на дрва ќе се замени со котел за пелети со што ќе се доби енегретки ефикасен метод на загревање. Средствата ќе ги обезбеди Влатата преку ,, Планот за чист воздух,,. Паралелно општината продолжува со низа проекти, се со цел намалување на загадувањето, засилени инспекциски контроли, засилена контрола на мерење на отпад, контроли на хаварисани возила. Истовремено продолжуваат и проектите на Општина Ѓорче Петров и Комунална Хигена-Скопје. Градоначалникот Наумоски, придружуван од директорот на КХС Абдусамед Шабани ги посетија учениците од ОУ Димитар Поп Герогиев-Беровски укажувајќи им дека еколошката свест се учи од најмали години. Поректите за рециклирање на отпадот, менувањето на навките , третирањето на отпадот , како програми се импелментирани во сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров.