Соопштение

Согласно член 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси , од денот на распишување на избори до завршување на изборот на Претседател на Република Северна Македонија, (03.02.2019 до 05.05.2019 година) општина Ѓорче Петров нема да врши исплати на еднократна парична помош и поддршка или материјална поддршка на физички лица, ниту пак ќе исплаќа финансиски средства за поддршка на јавните дејности.

Согласно законските одредби исплаќањата ќе се вршат започнувајќи од 06.05.2019 година.