Соопштение “Мои Пари Моја одговорност.”

На 20 март во 10.00 часот во општинската згрда на  Ѓорче Петров, ќе биде организиран информативен корнер за процесот на партиципативно буџетирање.

Целта на корнерот е да се надмине јазот помеѓу општините и граѓаните и засегнатите страни во креирањето на локалните буџетот. Преку просторот отстапен од општините, граѓаните ќе имаат пристап до информативни алатки: прирачник со детали за процесот и начини на вклучување, инфографикони и други алатки, поврзани со партиципативното буџетирање.

Настанот е дел од проектот “Мои Пари Моја одговорност.”

Целта на проектот е:

Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – граѓанското општество, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми – во процесите на локално буџетирање;

Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;

Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.

Воспоставување на партнерства меѓу локалните засегнати страни и општината.

Подобрување на капацитетите на општинските администрации за децентрализираните надлежности.