Соларната енергија-тема на проект меѓу општините Ѓорче Петров и Разлог

Продолжува соработката со општина Разлог од Република Бугарија, чија делегација беше во посета на општина Ѓорче Петров. Ги учиме најмладите од училишта од двете општини за користењето и добивањето соларна енергија и примената во пракса на обновливата енергија, преку опрема која е специјално проектирана за овој проект и веќе инсталирана во две училишта во вклучените страни. Преку вакви проекти, ја продлабочуваме соработката со општина Разлог која е планирано да се насочи и кон други заеднички проекти, што беше заклучено и на неодамнешната посета на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на бугарски Разлог. Двегодишниот проект за соларна енергија е во рамки на програмата Еразмус плус на ЕУ.