Советот ја одржа 17-тата седница

Дополнителна финансиска помош за спортските клубови на територија на општина Ѓорче Петров денеска одобри Советот на 17-тата седница.

Општина Ѓорче Петров продолжува да им помага и да ги мотивира клубовите и поединците да спортуваат и да редат успеси кои веќе се видливи на терените.

На дневен ред на седницата, меѓуостанатото, беа и Предлог-одлуките за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање Ф, за комунални дејности за 2018 година и за животна средина и природа за годинава, опфатени со првиот ребаланс на Буџетот на општината за чии измени и дополнувања денеска советниците дадоа “зелено светло”.