Советот на општина Ѓорче Петров ќе ја одржи последната седница за 2020 година

Советот на општина Ѓорче Петров  ќе  ја одржи Четириесет и деветтата седница  на ден 28.12.2020 година (Понеделник), со почеток во 10:00 часот. На неа ќе се разгледува и предлог Буџетот за 2021 година.

На седницата на дневен ред се следните точки:

  1. Предлог-Програма за остварување на социјална заштита во општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за активностите на општина Ѓорче Петров во областа на култура и поддршката на невладиниот сектор во 2021 година;
  1. Предлог-Програма за активностите на општина Ѓорче Петров во областа на спортот, рекреацијата и поддршката на невладиниот сектор за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за активностите на општина Ѓорче Петров во областа на образованието за 2021 година;
  1. Предлог -Програма за предучилишно воспитание и образование на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за еднакви можности на жените и мажите на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за меѓународна соработка на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за протоколарни активности и востановени традиционални активности на подрачјето на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за урбано планирање „Ф“ на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за комунални дејности  на општина Ѓорче Петров за  2021 година;
  1. Предлог-Програма за локални патишта, сервисни и станбени улици на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за  Јавна чистота на општина Ѓорче Петров за 2021година;
  1. Предлог-Програма за изградба и одржување на јавни објекти на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за животна средина на општина Ѓорче Петров 2021 година;
  1. Предлог-Програма за чист воздух на подрачјето на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за оддржување и развој на јавно осветлување на подрачјето на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за подршка на Локален Економски Развој на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Програма за заштита, спасување и кризи на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Одлука за давање на трајно користење  на објект „Училишна спортска сала” на општинското основно училиште „Јоаким Крчоски“ – Волково, општина Ѓорче Петров;
  1. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу oпштина Ѓорче Петров и Градот Скопје  за заедничко вршење на надлежностите од областа на инспекцискиот надзор;
  1. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу oпштина Ѓорче Петров и Градот Скопје  за заедничко вршење на надлежностите за заловување на кучиња на подрачјето на општината;
  1. Предлог-Одлука за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови на територијата на општина Ѓорче Петров;
  1. Предлог-Буџет на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2021 годинa;
  1. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
  1. Предлог-Одлука за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација на основните училишта на општина Ѓорче Петров за 2021 година;
  1. Предлог-Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на општина Ѓорче Петров во 2021 година;