Советот изгласа изградба на канализациона мрежа на “Радушка” и “Црногорска”

На 14-тата седница, советниците гласаа позитивно за Предлог-одлуката за доискористување на средствата од кредитот за изградба на канализациона мрежа долж улиците “Радушка” и “Црногорска” кои досега при поинтензивни врнежи од дожд се поплавуваа, по што се создаваа проблеми за тамошните жители.
Меѓудругото, се дебатираше и за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на општината. И за оваа точка имаше поддршка од мнозинството советници, кои побараа да ја видат целосната програма за овој проект кој дополнително ќе се гласа на седница на Советот.
Локациите и временската рамка за поставување на овие модерни објекти за повеќе намени, ќе бидат утврдени со план. Со тоа, очекуваме наскоро модернизирање и урбанизирање на Ѓорче.