Советниците се откажуваат од дневници и патувања, парите одат за работниците од комуналните служби

На денешната 44 седница, Советот едногласно го усвои предлогот на советниците од СДСМ, да се прераспределат средства од буџетските ставки на Советот за работниците  во комуналните служби.

Советниците се откажуваат од дневници, патувања како и од репрезентација, се со цел да зголеми надоместокот на сезонските работници кои се најмногу на удар од кризата со Корона вирусот.

Секторот за финасии ќе прстапи кон изготвување на ребаланс на буџетот со цел до крајот на годината работниците да добиваат поголеми месечни примања.

Истовремено советниците ја усвоија и предлог одлуката за утврдување на начинот и постапката за донирање и отуѓување на заменетите светилки, светлосни арматури и метални држачи заменети при имплементација на Проектот за модернизација на јавното осветлување во Општина Ѓорче Петров.

Подносител на барањето за донација на заменетите светилки, светлосни арматури и метални држачи заменети при имплементација на Проектот за модернизација на јавното осветлување може да биде:

Општина, Општина во Град Скопје и Градот Скопје, Месна или Урбана Заедница, Основно училиште, Средно училиште, Високообразовна институција, Здравствена институција и други јавни институции,Црковен, Џамиски или било кој друг одбор на религиска заедница регистрирана во Р.С.Македонија.

Со оваа одлука се дава и право на Општина Ѓорче Петров оние светилки, светлосни арматури и метални држачи кои се вон функција да ги оттуѓи со вредност не помала од  пазарната вредност како материјал кој се третира како електронски или друг вид на отпад со овластени економски оператори.

Средствата обезбедени од отуѓувањето на светилките, светлосните арматури и метални држачи кои се вон функција, ќе бидат уплатени на посебна сметка на Општина Ѓорче Петров, наменета за развој и одржување на парковско зеленило.