Скопските општини добиваат 30 милиони денари за проекти

Министерството за локална самоуправа денеска со градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион потпиша договори за поддршка, покривање на оперативните трошоци, тековните активности за годинава и за финансирање проектите со кои единиците на локални самоуправи ќе можат да аплицираат следната година до ресорното Министерство.

– Скопскиот плански регион нема извори на финансирање, како и сите други плански региони, па така зависи од поддршката на Министерството и на општините кои се дел од овој регион. Секоја година Министерството одделува средства, така и оваа година. Покрај тоа, годинава Министерството ги зголеми средствата за поддршка на рамномерниот регионален развој од 3,5 милиони евра од 2017 година на седум милиони евра оваа година кои се доделени на планските .

Се надевам дека оваа можност која ни се пружа ќе се искористи максимално а ние ќе бидеме фокусирани на проекти насочени кон зачувување на животната средина и подбрување на амбиенталниот воздух рече Градоначалникот Александар Наумоски.